Српското МНР на македонски јазик ни го честиташе Денот на независноста

Министерството за надворешни работи на Србија и го честита Денот на независноста на Македонија, со желба билатералните односи да продолжат да се градат во духот на пријателството и добрососедството.

„На граѓаните на Република Северна Македонија и на нашите драги колеги во македонското Министерство за надворешни работи им го честитаме Денот на независноста, со желба нашите билатерални односи да продолжат да се градат во духот на искреното пријателство и добрососедство“, гласи пораката што Министерството за надворешни работи на Србија ја објави на македонски јазик на социјална мрежа „Х“.

Македонија денеска го слави Денот на независноста, откако на 8 септември 1991 година се одржа референдум за отцепување од СФРЈ.

Пронајдете не на следниве мрежи: