(Фото) Детали од МВР за сообраќајката во Ново Лисиче утринава

Денеска (09.09.2024) во 05.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Трета Македонска Бригада“, бул.„Србија“ и бул.„12-та Македонска Бригада“ во Скопје патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки управувано од С.М.А. од Р.Турција, а со престој во Скопје излетало од коловозот и удрило во метален столб на семафори и сообраќајни знаци. До овој момент нема пријава за повредени лица. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: