ГЛУМЕЛЕ ПОЛИЦИЈА СО РОТАЦИИ, ЗАСТАНАЛЕ ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ И ГО ИЗБОДЕЛЕ СО НОЖ!

Страшен настан го потресе Скопје, но не доби медиумско внимание. Вработен во затворска полиција во истражниот затвор Шутка бил трипати избоден со нож во пределот на градите од лица кои глумеле полиција, возеле возило со ротации, по што ја запреле жртвата и му нанеле убодни рани.

Од МВР го потврдија случајот.

– На 15.09.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од остар предмет бил донесен М.Р.(29) од с.Батинци, скопско. Според пријавеното, на подрачјето на општина Аеродром тој, додека бил во своето возило „фолксфаген“ бил нападнат од едно лице, кое употребило остар и тврд предмет и му нанело повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. – велат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: