Пишува Приказни од булеварот на Фејсбук:
Насекаде се чувствува надежта. Процут и ренесанса. Како што ќе каже нивната каприциозна флоскула – НАС НАРОДОТ НИ ЈА ДАДЕ ДОВЕРБАТА СО 500 И КУСУР ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ…
Чек, чек малку…
500 и кусур за шо? За да си ги дуплирате комисиите, управните одбори , бројот на министри и нивни заменици и замениците на замениците? За да продолжи праксата со фамилии и ојлевци дојлевци да си одите по самити по Америки и Европи? За да си ја голтнете придавката Северна со која замајувавте народ и предизборно во вашите сали и плоштади ечеше НИКОГАШ СЕВЕРНА САМО МАКЕДОНИЈА? За да си ги земете у јатото северџаните кои беа дел од претходната власт? Вие така ги нарекувавте… За да ги ставите пак на државна цицка вечните Солзи Грчеви, Павле Трајанови и слични да лапаат по 100 000 месечно, за продавање муда за бубрези? За За шота пред собрание за Илинден?
За да објаснувате зошто новите табли на граничните премини не се и на албански?
За да замајувавте луѓе со цени на боици и тетратки, а у меѓувреме ги билдате давачките на идните студенти во име на некоја си дигитализација? За цените во продавниците да продолжат да растат?
За да излажете за 5000 покачување на пензиите ?
Да се курчите како Али сте го пратиле во опозиција? Оној Али чии светави се млатеа на меѓународниот аеродром во Скопје во кулата за летање де… За тој Али да го смените со пиштолџиите на Гаши кои како шерифи си влагаат на Аеродром и вперуваат оружје на наши полицајци? Бодигарди екс членови на ИСИЗ! За истиот тој Гаши да оди со службена кола на свадба и Косово и сите до еден од таа партија да го браните како бил бољи од Талат? Сериозни сте, клиентелисти?
За тоа ли ви даде народ песто и кусур илјади гласа? Ви даде зошто гласаше против, а не затоа што сте поарни. Еве гледаме дека сте исти. Уште во предизборна кампања, ЌЕ, ЌЕ ЌЕ, 500 милиона задолжување кај Унгарците и ставање на Македонија во потчинета регионална положба. Корупција од епски размери! 500 милиона за да ги пополните дупките на општините кои вие ги водите веќе 4 години. Чат пат некој блесок, се друго од Скопје надоле , ЦУНАМИ!!!!
Чиста 0
А озбилно… Коа ќе почнете да работите?