петок, 27 ноември 2026
Најново

Голема полициска акција во Црна Гора, уапсени се најмалку 10 лица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најмалку 10 лица се уапсени утрово на северот на Црна Гора по налог на Специјалното државно обвинителство (СДТ).
Како што јавува Подгорица Вијести, службеници на Специјалното полициско одделение ги уапсиле во Пљевља, каде се претресуваат повеќе куќи и станови.

Според неофицијални податоци, станува збор за акција за сузбивање на трговијата со луѓе.
Еден од изворите на „Вијести“ вели дека станува збор за повеќемесечна акција што ја спроведуваат Одделот за борба против криминалот, Специјалното одделение на полицијата, Групата за борба против трговија со луѓе и Одделот за гранична полиција на Специјалното државно обвинителство.
Во текот на денот се очекува да бидат донесени во седиштето на СПО и на распит во СДТ.

Поврзани вести