ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НАПРАВИВМЕ ВО ГАЗА И БЕЈРУТ: Министерот за одбрана на Израел испрати остри зборови до Иран

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека штетите во Газа и Бејрут треба да бидат порака до оние кои мислат дека Израел нема да одговори на нападите.– Секој што мисли дека обидот за напад на Израел ќе нè одврати од реакција, треба да погледне што се случува во Газа и што се случува во Бејрут. Работите се многу јасни. Силни сме и во одбрана и во напад и тоа ќе го искажеме на начинот на кој ќе избереме, во времето што ќе го избереме, на местото што ќе го избереме. Ова не е само изјава, туку план за работа – рече Галант.Тој додаде дека минатонеделниот напад од страна на Иран не ги оштетил израелските авиони и воздушните патеки.– Ниту една ескадрила не е оштетена, ниту еден авион не е оштетен, нема ниту една писта што не е достапна за полетување и нема штета на нашиот континуитет – рече тој во разговор со пилотите при посетата на Воздушната база Неватим.

Пронајдете не на следниве мрежи: