„Ние сме за мир, но подготвени сме на секое сценарио“, изјави иранскиот министер за надворешни работи

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Еракчи изјави дека ширењето на војната во регионот го гледаат како сериозна закана и дека сакаат итен прекин на огнот во Газа и Либан, известува Анадолу.„Ние сме за мир, но подготвени сме на секое сценарио“, изјави иранскиот министер Еракчи.Иранскиот министер за надворешни работи во Истанбул се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.Говорејќи на заедничката прес-конференција по состанокот, Еракчи изјави:„Ширењето на војната во регионот претставува сериозна закана“.Тој посочи дека Израел се обидува да го запали регионот со своите напади врз Газа и Либан.„Израелскиот режим не признава никакви ограничувања за воените злосторства што ги прави. Ние поддржуваме траен и моментален прекин на огнот во Газа и Либан“, порача Еракчи.

Пронајдете не на следниве мрежи: