Да не оди на БРИКС, е најзначајната одлука на Вучиќ од почетокот на војната, велат експертите

Да не оди на БРИКС, е најзначајната одлука на Вучиќ од почетокот на војната, оцени Страхиња Суботиќ, експерт за меѓународни односи за Н1.

„Ова беше голема раскрсница, најважната политичка одлука што ја донесе претседателот од почетокот на војната во Украина. Најголемата политичка одлука се случи на 22 март, кога Србија одлучи да застане до Украина во ОН и целосно да ја осуди руската агресија. Секако, според некои мои сознанија, не помина така лесно, имаше сомнежи. Но, како што видовме, донесена е правилна одлука, доколку целта е да го исполниме нашиот стратешки приоритет, како што е членството во Европската унија“, вели Суботиќ.

„Нашата влада, со сите свои маани и политика на балансирање, беше свесна дека ова не е каков било самит и дека очите на сите 27 земји-членки беа насочени кон Србија. Тоа што Доналд Туск, поранешниот претседател на Европскиот совет и премиер на Полска и лидер на нова сила во централна Европа, кој исто така се птрашува кога станува збор за политиката на проширување, доаѓа овде токму во времето кога се одржува тој самит, всушност покажува на која страна се врти Србија, или барем во овој момент, на која страна сакавме да застанеме“, рече Суботиќ и додаде дека не е случајни што додека трае БРИКС Белград ја ќе ја перечека Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија.

Србија се уште балансира, вели Суботиќ, но во овој момент победи Европската унија.

„Мислам дека на тој начин купивме малку време, одреден кредибилитет во очите и на Европската унија и на Соединетите Американски Држави“, рече тој.

За разлика од Суботиќ, поранешната амбасадорка на Србија во Русија, Јелица Курјак, наведува дека Србија дефинитивно не покажала дека е на пат кон ЕУ, ниту треба да го прави тоа, бидејќи секогаш во џебот треба да се има картата на голема сила.

Поради економските кризи и комплицираната меѓународна ситуација, додава таа, се зголемува потребата да се види „кој со кого и како може да работи“, да се чува идентитетот, безбедноста и да се зајакнува економската моќ.

Меѓутоа, во рамките на БРИКС има проблеми меѓу одделни земји – Кина и Индија имаат децениски проблеми, но и свои внатрешни, наведе таа.

„Јужна Африка, која не е антизападна. Бразил кој не сака да биде антиамерикански. Така, сега има многу отворени прашања. Се разгледува моделот на Европската унија, го гледаат американскиот модел и доларскиот систем, се разговараше за можноста за воведување заедничка валута. Но, тоа сè уште не може да се направи. Тие се сè уште земји клиенти и им требаат овие другите големи“, рече таа.

Пронајдете не на следниве мрежи: