(Фото) ПУТИН ЈА ПОКАЖА ЗМЕНАТА ЗА ДОЛАРОТ: Вака би можела да изгледа банкнотата за земјите членки на БРИКС

Според Путин, светската трговија и глобалната економија квалитативно се менуваат, а центрите на активност се свртуваат кон пазарите во развој.

Мултиполарниот модел овозможува нов бран на економски раст, рече рускиот претседател.

Тој посочи дека даночното оптоварување продолжува да расте во развиените земји и дека се случува фрагментација на глобалната трговија.

Рускиот лидер предупреди на опасност од нова криза во светот поради зголеменото даночно оптоварување во развиените земји.

-Земјите од БРИКС покажуваат издржливост благодарение на одговорната економска политика, рече рускиот претседател.

Тој предложи формирање на нова инвестициска платформа на БРИКС за поддршка на националните економии и земјите од глобалниот југ и исток.

Тој рече и дека Русија не се откажува од доларот, туку е принудена да најде алтернатива за него.

„Доларот навистина се користи како оружје и тоа е голема грешка“, рече тој.

Рускиот претседател ги нарече учесниците на Самитот, земји со светска големина.

На претседателот на Русија, Владимир Путин, на маргините на самитот на БРИКС во Казан му беше покажана симболична банкнота на БРИКС.

По завршувањето на самитот во проширен формат, новинарите забележаа дека рускиот лидер ја напушта салата со банкнота во рацете. Тој со насмевка им ја покажа на министрите, а потоа и ја подари на Елвира Набиулина, претседателка на руската централна банка.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков подоцна објасни за што се работи.

-Тоа е некој од нашите – или од Стопанската комора или некој друг – тие ги испечатиле тие квази-пари, рече Песков.

Како што додаде, таа банкнота ја симболизира заедничката работа во рамките на БРИКС.

-На Набиулина не и се допадна сметката, откри Песков.

Самитот на БРИКС во Казан, на кој присуствуваа претставници на 36 земји и шест меѓународни организации, почна на 22 октомври. Самитот е завршниот настан на претседавањето на Руската Федерација со оваа асоцијација, кој се одржува под мотото за зајакнување на мултилатерализмот за праведен глобален развој и безбедност.

Пронајдете не на следниве мрежи: