Израелските воени авиони извршија над 17 напади врз јужните предградија на Бејрут

Израелските воени авиони синоќа извршија повеќе од 17 воздушни напади врз јужните предградија на либанската престолнина Бејрут, едни од најинтензивните бомбардирања од избувнувањето на војната меѓу Израел и Хезболах на 23 септември, јавува Анадолу.Либанската државна Национална новинска агенција (ННА) објави дека четири од израелските напади биле врз предградието Лејлаки, при што биле уништени шест згради по што избувнале пожари кои се прошириле низ поголема област.И покрај тоа што агенцијата не прецизираше какви објекти се погодени, таа наведе дека е уништен станбен комплекс.Исто така, се вели дека израелските авиони ја уништиле канцеларијата на ТВ-каналот „Ал Мајадин“, поврзан со либанската група Хезболах, која се наоѓала во стан.Воените авиони, наводно, истрелале два проектила кон канцеларијата.Агенцијата јави дека раководството на каналот ја евакуирало канцеларијата на почетокот на израелската агресија врз Либан.Либанското Министерство за здравство соопшти дека во израелските воздушни напади врз предградието Џнах загинало едно лице, а петмина биле повредени, вклучително и едно дете, кое морало да се хоспитализира.Министерството соопшти дека четири лица се здобиле со полесни повреди.Непосредно пред нападите израелската армија издаде соопштение во кое ги предупреди сите жители во јужните предградија на Бејрут.Во соопштението на жителите им е наредено веднаш да се евакуираат бидејќи се наоѓаат „во близина на објекти поврзани со Хезболах, кои армијата планира да ги нападне во блиска иднина“.Ова не е првпат израелската армија да им нареди на жителите во областа да се евакуираат пред воздушните напади. Во последниве денови армијата рече дека во областа постојат „локации од интерес поврзани со Хезболах“, оправдување што често го користи за своите напади.Израел започна огромна воздушна кампања во Либан минатиот месец против, како што вели, локации на Хезболах што претставува ескалација од едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и групата од почетокот на бруталната офанзива на Израел врз Газа.Според либанските здравствени власти, најмалку 2.574 луѓе се убиени, а повеќе од 12.000 се повредени во израелските напади од октомври минатата година.Израел го прошири конфликтот на 1 октомври оваа година со започнување копнен упад во Јужен Либан.

Пронајдете не на следниве мрежи: