,,HATO 78 дена бомбардираше главен град за да ја уништи државата!” – Маск сподели видео во кое го споменува нападот на Југославија, напиша само еден збор (ВИДЕО)

На својот X профил, Маск ги сподели зборовите на Џефри Сакс, познат економист и политички аналитичар.Илон Маск, најпознатиот милијардер, а воедно и најбогатиот човек на светот, сопственикот на компаниите „Тесла“ и „Х“, се огласи на оваа социјална мрежа во врска со изјавата на познатиот професор Џефри Сакс кој зборуваше за војната во Украина, при што тој се осврна и на НАТО бомбардирањето на СР Југославија.Илон Маск, вообичаено жесток поддржувач на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп , кој исто така е еден од најзаслужните луѓе за неговата победа, на својот X профил ги сподели зборовите на Џефри Сакс, познат економист и политички аналитичар.Ова видео во кое американски професор и еден од најугледните светски интелектуалци меѓу другото објаснува зошто бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година било нелегално, Маск го прокоментирал само со еден збор – „интересно“.Одговарајќи на прашањето за војната во Украина, Сакс потсети дека НАТО уште во 1990 година и’ вети на Русија дека нема да се прошири на исток – ветување што беше брутално прекршено.– На Горбачов му беше ветено дека НАТО нема да се прошири на исток ниту педа, доколку СССР се согласи на обединување на Германија. САД го прекршија своето ветување веќе во 1994 година, кога Бил Клинтон потпиша план за проширување на НАТО сè до Украина. Потоа, САД го предводеа бомбардирањето на Србија во 1999 година. НАТО го бомбардираше главниот град на една европска земја, 78 дена, за да ја уништи земјата – Белград – рече меѓу другото Сакс и објасни како таквата одлука била фатална и како рускиот претседател Владимир Путин ја користи во денешната ситуација.
Interesting pic.twitter.com/61G9RKibAY— Elon Musk (@elonmusk) November 12, 2024
Инаку, Џефри Сакс пред неколку месеци беше гостин на познатиот новинар Такер Карлсон, а во приликата изјави и дека гранатирањето на Белград 78 дена е безобразен и апсолутно лош потег.„Поделбата на Србија, создавањето на Косово и формирањето на воената база Бондстил – суштината на НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија во 1999 година“, изјави тогаш светски познатиот економист и политички аналитичар Џефри Сакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: