Само две недели по разорните поплави што ја парализираа Шпанија, поточно Валенсија, Малага сега е под црвен метеоролошки аларм , каде што веќе се евакуирани 3.000 жители.На социјалните мрежи се појавија видеа кои наводно ја покажуваат моменталната ситуација во Малага.На една од сликите е прикажан поплавен аеродром, додека на друга слика се гледа огромно количество вода што блика меѓу станбените згради и паѓа на веќе поплавената улица.Шпанската агенција за цивилна заштита синоќа испрати масовно предупредување до телефоните во провинцијата Малага, предупредувајќи на „екстремен ризик од дожд“.Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбела, Велез и Естепона, се очекува да биде најмногу погодена од новиот временски феномен познат како „Дана“.
JUST IN: #DANA wreaks havoc at the Málaga-Centro-Alameda commuter train station#DanaMálaga | #Malaga pic.twitter.com/kH0s7oMLOO— Weather monitor (@Weathermonitors) November 13, 2024
Другите делови на Шпанија, вклучувајќи ги Каталонија и брегот Тарагона, исто така се под црвена тревога, додека Валенсија, Андалузија и Балеарските Острови се под портокалова тревога.
#Málaga #AlertaProtecciónCivilMLG pic.twitter.com/jsfYnfNqSW— Storm Málaga (@Storm_Malaga) November 13, 2024
Во Малага, училиштата се затворени, како и многу супермаркети.
🔴 DIRECTO #dana | Así está la facultad de Psicología de la Universidad de Málaga, debido a una rotura del bajante de las pluviales causada por las intensas lluvias de este miércoles https://t.co/EIlW4uaToJ pic.twitter.com/K4b9otqua0— EL PAÍS (@el_pais) November 13, 2024