среда, 18 ноември 2026
Најново

Обилни снежни врнежи во Турција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поради обилни снежни врнежи наставата во училиштата е прекината во 20 од 81 турска провинција, како и во одредени региони од уште пет провинции, пренесува Си-Ен-Ен Турк.Училиштата денеска остануваат затворени во Самсун, Кајсери, Нигде, Невшехир, Болу, Гумушане, Бајбурт, Јозгат, Токат, Сивас, Кахраманмараш, Ерзинџан, Киршехир, Кастамону, Караман, Малатија и други области.Во провинцијата Малатија, на истокот на земјата, од снежни наноси биле спасени 787 граѓани. Во округот Хекимхан, спасувачите извлекле пет овчари завеани на планина, но еден од нив подоцна починал во болница.Работите на расчистување на патиштата и спасување на граѓаните продолжуваат.

Поврзани вести