Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дал начелна согласност за договор за прекин на огнот со Хезболах за време на вчерашните консултации со израелските власти, објави извор запознаен со ситуацијата.
Како што потврдија од кабинетот на премиерот, израелската влада се очекува да гласа за овој договор во вторник.
Сепак, одредени детали од договорот и понатаму предизвикуваат несогласувања во израелските редови. Според изворот, тие спорни елементи ќе бидат доставени до либанската влада во понеделник за дополнителна елаборација.
Сепак, и да продолжат преговорите, повеќе извори предупредуваат дека договорот нема да биде конечен додека не се постигне договор за сите отворени прашања. Одлуката на израелската влада која е клучна за финализирање на договорот се уште не е донесена.Извори блиски до преговорите оценуваат дека разговорите напредуваат во позитивна насока.
Тие предупредуваат дека континуираната размена на оган меѓу Израел и Хезболах претставува значителен ризик за стабилноста на преговорите, бидејќи еден погрешен потег може да го загрози постигнувањето договор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.