Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската вооружена група Хезболах стапи денеска во сила откако двете страни постигнаа договор со посредство на САД и Франција.Договорот стави крај на конфликтот меѓу Израел и милитантната група поддржана од Иран, што резултираше со многу жртви со години, но Израел сè уште се бори против својот друг непријател, палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.Либанската армија објави дека се подготвува да се распореди на југот на земјата, регион кој беше силно бомбардиран од Израел во борбата против Хезболах.
The steady and patient Lebanese people celebrate their victory over the “israeli” aggressors as they return to their homes after 2 months of displacement! pic.twitter.com/U9Tdi4HZjS— The Men Of God✌🇵🇸🇱🇧🇮🇶🇮🇷🇸🇾🇾🇪✌ (@aga1nsta11oddz) November 27, 2024
Источните градови, како и помалите градови и упориштето на вооружената група во јужните предградија на Бејрут, исто така беа изложени на бомбардирањето.Редици од автомобили и комбиња преполни со душеци, куфери, дури и мебел поминаа низ силно бомбардираниот јужен пристанишен град Тир.
Celebration in Lebanon after ceasefire. Once again after 2006, Hezbollah defeated Israel. ✌🏼@ghadifrancis , Hi Ghadi, how’s the mood in Lebanon? pic.twitter.com/hQr2Hna9Lr— Bhavika Kapoor (@BhavikaKapoor5) November 27, 2024
Израелската армија денеска соопшти дека нејзините воени сили сè уште се стационирани на либанска територија, па ги повика жителите на јужните либански села, кои беа повикани на евакуација во последните месеци, да го одложат своето враќање дома до следното известување од израелската армија.
Lebanese families returned home to fireworks and celebrations as the ceasefire kicked in! 🎉 #lovinbeirut #Lebanon pic.twitter.com/GDprPT6kz1— Lovin Beirut (@LovinBeirut) November 27, 2024
Израел објави дека ги идентификувал оперативците на Хезболах кои се враќале во областите во близина на границата и дека отворил оган за да ги спречи да се приближат. Засега нема никакви знаци дека инцидентот би можел да го поткопа прекинот на огнот.
Во Либан, некои автомобили истакнаа национални знамиња, други свиреа, а една жена му даде знак на победа на возачот додека луѓето почнаа да се враќаат во домовите од кои избегаа. Многу од селата во кои луѓето се враќаат веројатно се уништени.
🇱🇧🇮🇱 Lebanese celebrate after the news of a ceasefire between #Israel and #Hezbollah. pic.twitter.com/7hSTXcUbYR— ᴠᴇʟꜱᴋ ☦ (@Velsk0) November 25, 2024
Таткото на четири деца, Хусам Арут, им рече на новинарите дека едвај чека да се врати во својот дом.– Израелците не се повлекоа целосно, се уште се блиску до рабовите, па решивме да почекаме додека армијата официјално не објави дека можеме да влеземе. Во тој случај веднаш ќе ги запалиме автомобилите и ќе се упатиме кон селото – рече тој.