Сириските бунтовници влегоа во Алепо за првпат откако владата на земјата го врати градот во 2016 година.Бунтовниците предводени од исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал-Шам напредуваат кон Алепо, освојувајќи градови и села на патот. Тие започнаа шокантна офанзива во средата.Во изминатите три дена, 27 цивили, меѓу кои осум деца, се убиени во напади во северозападна Сирија, изјави претставник на ОН.Бунтовниците разнесоа два автомобила бомби и се судрија со владините сили во западниот дел на градот, објавија воените набљудувачи на Сириската опсерваторија за човекови права.Сириската армија успеа да одржи присуство во западните квартови на сирискиот град Алепо, одделни групи терористи навлегоа во бројни населби, вели сириски војник во видео објавено на каналот Телеграм на весникот Ал Ватан.Претходно на социјалните мрежи се појавија пораки за повлекување на сириската војска од голем број населби во Алепо и влез на терористи во градот. – Сега сме на периферијата на градот Алепо, некои групи терористи влегоа во градот, поради слабоста на некои луѓе (трупите) ќе се повлечат, ќе заминат од тука или победници или мртви, изјави Сириец – армиски борец.Очевидци од различни квартови на Алепо за РИА Новости изјавија дека, како што паднал темнината, во градот не се слушнале експлозии или рафали од автоматско оружје, а на улиците практично немало никој.Жителите на една од населбите на јужниот излез од градот известија дека имало голем сообраќаен метеж поради фактот што голем број жители на Алепо набрзина го напуштале градот, стравувајќи од доаѓањето на терористите.Поради тоа што главниот автопат Алепо-Дамаск е отсечен на различни места од огнот на џихадистичките банди, многу жители на Алепо се обидуваат да го напуштат обиколниот пат Итриа-Канасер.Се вклучија и РуситеВо меѓувреме, руската армија вечерва соопшти дека нејзиното воздухопловство бомбардира „екстремистички“ групи во Сирија, во знак на поддршка за силите на сириските власти, пренесоа руските агенции.„Руските воздухопловни сили вршат напади врз опремата и персоналот на илегалните вооружени групи, врз позициите, залихите и артилеријата на терористите“, изјави неименуван портпарол на руското Министерство за одбрана.Тој додаде дека во последните 24 часа биле „елиминирани“ 200 борци.Русија е најважниот воен поддржувач на властите на сирискиот претседател Башар ал Асад, кому од 2015 година му помага да го сврти бранот во сириската граѓанска војна.
Пронајдете не на следниве мрежи: