среда, 18 ноември 2026
Најново

Пентагон: Американската армија изврши напад во самоодбрана во источна Сирија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американската армија изврши напад во самоодбрана во источниот дел на Сирија, соопшти вчера Пентагон, истакнувајќи оти тоа не е поврзано со актуелното напредување на бунтовниците.Портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пет Рајдер изјави дека американската војска извршила напад за самоодбрана со ракетни фрлачи и тенк Т-64, откако проектили биле истрелани врз американските војници на позицијата Еуфрат.Генерал Рајдер истакна дека во акцијата за самоодбрана успешно се елиминирани непосредните закани за американските војници и дека војската во моментов истражува кој ги нападнал американските сили.Тој додаде дека силите поддржани од Иран претходно извршиле напади во тоа подрачје.Во Сирија распоредени се околу 900 американски војници, кои се фокусирани на борбата против милитантите на Исламска држава.

Поврзани вести