вторник, 17 ноември 2026
Најново

Хорор во Германија: Маж уби медицинска сестра со самострел, сè се случило на психијатриска клиника, а се откри кој е убиецот!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Страшна драма се одвивала во мирното место Бад Цвестен во Хесен!Жена (50) била убиена во средата попладне во клиниката Хардвалд, а неколку часа подоцна насилникот (58) бил уапсен.„Според моменталната состојба на истрагата, сторителот влегол во болницата во Бад Цвестен околу 15.00 часот. Таму со самострел тешко повредил вработена во болницата, а таа починала и покрај итната медицинска помош на лице место“, изјави портпарол на полицијата денеска.Според полицијата, убиецот потекнува од областа Пасау во Баварија и е поранешен пациент на клиниката.Уапсен е на автопатот во Долна Франконија.Клиниката каде го извршил делото е делумно затворена и откажани се сите закажани термини за неврологија и радиологија.Оваа болница е специјализирана за психотерапија и психијатрија со фокус на траума терапија.

Поврзани вести