Во Косово се апсат поранешни припадници на УЧК, меѓу нив и поранешен министер

Косовските специјалци денеска го уапсија поранешниот градоначалник на Малишево, Исни Килај, потоа поранешниот шеф на Косовската разузнавачка агенција Башким Смакај и Фадил Фазилу, соопштуваат косовските медиуми.

Специјалните единици упаднале и во куќата на поранешниот министер за правда, Хајредин Кучи.

Кучи е уапсен додека полициските сили го блокирале патот што води до неговата куќа.

Апсењата на овие поранешни припадници на УЧК се вршат по налог на Специјалниот суд во Хаг, во соработка со полицијата на ЕУЛЕКС во Косово.

https://www.facebook.com/share/v/62HKaPLfPBZQaFbA/?mibextid=WC7FNe

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.