Сириските бунтовници објавија дека ја презеле контролата врз градот Дара, кој се наоѓа на југот на Сирија и од 2011 година беше епицентар на револуцијата и бунтот против режимот на Башар ал Асад.Според извештаите на Ројтерс, бунтовниците ја презеле контролата врз градот по договор со сириската армија, кој вклучувал мирно повлекување на владините сили од градот.Во извештајот се наведува дека армијата лојална на Асад обезбедила безбеден премин во Дамаск според овој договор.
Syrian rebels are consolidating their gains in the South. They are taking the towns in Daraa without a fight and in the process capture armored vehicles fully intact. This is in Saida. pic.twitter.com/uJI6ftrI4J— (((Tendar))) (@Tendar) December 6, 2024
„Локалните фракции презедоа контрола врз неколку области во провинцијата Дара, вклучувајќи го и градот. Тие сега контролираат повеќе од 90 отсто од покраината“, се вели во извештајот.
عاجل : بيان رقم 1 من غرفة عمليات الجنوبوجهتنا #دمشق #غرفة_عمليات_الجنوب #درعا pic.twitter.com/ktzZumQD0q— Omar Alhariri (@omar_alharir) December 6, 2024
Припадниците на Сириската национална армија (СНА), една од бунтовничките фракции, по преземањето на контролата врз градот изјавија дека овој чин е неопходен.„Време е градот Дара да се гордее со своите синови и своите револуционери, бидејќи тие напишаа еп за слобода во единство и коалиција. Револуцијата го врати сјајот и импулсот. Ние ја водиме нашата битка, убедени дека по оваа битка ќе дојде друга, пред портите на Дамаск, со ослободителните орди на сите синови на Сирија. Сигурни сме дека по смеата на криминалците ќе следи славење на победата, со радост на земјата која го чека враќањето на своите синови кои ги дадоа своите животи за слободата и достоинството на Сирија“, порачаа тие.Исто така, бунтовниците нагласија дека нивната борба продолжува без поделби и секташизам.
Basser Al Harir, Daraa fell Confirmed geolocation …Asad Soldiers left the city and the rebels took over the Tanks📍32°50’08.7″N 36°19’59.8″E pic.twitter.com/ePgBfMhFUs— 𝓂𝒶𝓇𝒾𝑜🇱🇧🇬🇧🇦🇪 (@MarioLeb79) December 6, 2024
„Битката за револуционерите сè уште не е завршена, бидејќи напредувањето кон Дамаск е задача до падот на режимот“, заклучија тие.
🇸🇾El ejército sirio ha perdido en un sólo día toda la provincia de Daraa, en el sur del país. Se han visto vídeos de militares huyendo a pié de Daraa, que está a poco más de 100 kilómetros de Damasco. pic.twitter.com/ehdHyzJBue— Niporwifi © (@niporwifi) December 6, 2024
Инаку, Русија и Иран досега не му понудиле помош на Ал Асад.