вторник, 17 ноември 2026
Најново

Се огласи Доналд Трамп: Откри што се случи со Башар ал Асад

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп зборуваше по информациите дека сирискиот претседател Башар ал Асад ја напуштил земјата откако бунтовничките сили влегле во Дамаск.Трамп рече дека „Башар Ал Асад избега од земјата откако ја загуби поддршката од Русија“.– Асад исчезна. Неговиот заштитник, Русија, Русија, Русија, на чело со Владимир Путин, повеќе не беше заинтересиран да продолжи да го штити – изјави Трамп на социјалната мрежа Truth Social.Да потсетиме дека Башар Ал Асад наводно го напуштил Дамаск со авион, а бунтовничките сили во телевизиско обраќање рекоа дека го зазеле главниот град и дека „тиранинот Башар Ал Асад паднал“.Белата куќа наскоро објави дека претседателот во заминување Џозеф Бајден и неговиот тим внимателно ги следат последните случувања во Сирија.

Поврзани вести