НАПАДНАТ ГЛАВНИОТ ГРАД ЧЕЧЕНИЈА, ПОГОДЕНА КАСАРНАТА! Напад со дрон врз специјалниот полициски полк во Грозни именуван по таткото на Рамзан Кадиров

Чеченските медиуми и лидерот на таа руска република Рамзан Кадиров објавија дека во текот на изминатата ноќ беспилотни летала ја погодиле касарната на специјалниот полициски полк во Грозни.

– Во нападот е оштетен покривот на зградата, искршени се прозорците, а полесно се повредени четири лица кои стражари – изјави Кадиров.

Киев Индипендент наведува дека ова е трет напад со беспилотни летала врз Чеченија од почетокот на војната што Русија ја води против Украина.

Се наведува дека претходниот напад бил извршен на 4 декември, а првиот бил снимен на крајот на октомври годинава.

Кадиров рече дека дронот бил соборен над полициските бараки околу еден час по полноќ.

  • Никој не е сериозно повреден. Четворица чувари се здобиле со полесни повреди – рече Кадиров.

Киев Индипендент не можеше самостојно да ги потврди овие тврдења.

Цел на нападот бил полицискиот полк именуван по Ахмат Кадоров, првиот чеченски лидер кој имал поддршка од Москва и татко на сегашниот лидер.

Истите касарни беа мета и минатата недела.

Претходно, првиот напад со дрон на територијата на Чеченија се случи на 29 октомври.

Тогаш Кадиров првично рече дека нема жртви, а потоа тврдеше дека таму загинале украински воени заробеници, кои ги користел како жив штит.

Тој ја обвини Украина за нападот, иако Којев не ја презеде одговорноста за нападот.

Извор од украинската разузнавачка служба тогаш за веб-страницата на Киев изјави дека нападот очигледно бил извршен од соседните руски републики Дагестан и Ингушетија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.