Откако Државната изборна комисија (ДИК) на Хрватска официјално ги потврди осумте претседателски кандидати на изборите на 29 декември, независниот кандидат Нико Токиќ Картело се расплака пред камерите на хрватската Нова ТВ.„Не можам да ви опишам колку сум среќен! Мамо, успеав, ќе бидам кандидат, ќе бидам претседател на Хрватска“, низ солзи рече Нико Токиќ Картело .Тој рече дека деловните обврски ќе ги стави на втор план и дека сака да докаже дека претседателската функција не е само протоколарна и со мали овластувања.Pogledajte emotivnu reakciju jednog kandidata na ulazak u kampanju: “Mama uspio sam, bit ću predsjednik Hrvatske!” #dnevnikhr https://t.co/UAstTeQrQs— DNEVNIK.hr (@DNEVNIKhr) December 11, 2024„Претседателот може да прави што сака, да ги зближи луѓето, да ја развива економијата, може да биде поддршка за луѓето кои се во неволја. Подготвен сум за таков предизвик и Хрватска ќе добие претседател од чијшто кабинет ќе започнат промените“. изјави Токиќ Картело.ДИК вчера и официјално го потврди учеството на осум кандидати на претседателските избори на 29 декември, по што беше официјализиран почетокот на предизборната кампања, која, инаку, со месеци трае во Хрватска.Исто така, од вчера тече рокот за приговори кои можат да се поднесат до ДИК до петок, 13 декември на полноќ.Токиќ Картело е роден во Загреб во 1966 година. Оженет е и има две ќерки и четири внуци.Kojeg političara dobijete kada križate magarca, ovna i pijetla?#predsjednikprijatelj #predsjedničkiizbori pic.twitter.com/wMoBVnrBkA— Niko Tokić Kartelo (@ntokickartelo) November 13, 2024За себе вели дека е самоук и упорен, како што го нарекуваат старата школа, а не се плаши да плати за она што не го знае, меѓу другото, според неговата официјална биографија објавена на промотивната веб-страница.
Пронајдете не на следниве мрежи: