Одлуката на Уставен да ја одлложи расправата за Законот за употреба на јазиците и на конечната одлука да и претходи подготвителна седница е очекувана и правилна, оцени претседателката на држвата Сиљановска Давкова, која ваквата оценка како што рече ја дава како правник, а не како шеф на држвата. Бојкотот на седницата од двајцата уставни судии од албанска националност според неа е несфатлив потег, бидејќи нивна обврска било да носат решенија и одлуки, без разлика дали ќе гласаат „за“ или „против“.
Од ДУИ пак и денеска негодуваат. Според нив одлуката за одложување на расправата за Законот за јазиците преставува монотеничка интеревенција во повеќеетничка држава и создавала опасен преседан. Интегративците го обвинуваат претседателот на судот Дарко Костадиновски за двојни стандарди, а неговите изјави за скандалозни и неприфатливи, поради што бараат негова итна оставка.
-Одлуката за продолжување на процесот на проценка на уставноста, и покрај бојкотот од судиите од албанската и турската заедница, претставува загрижувачки показател за недостаток на почит кон еднаквоста и меѓуетничката хармонија. Ваквите случувања не треба да се толерираат под никакви околности, а институциите треба да дејствуваат за да го гарантираат почитувањето на законот и вредностите на меѓуетничката еднаквост.
Првиот човек на Уставен, Дарко Костадиновски пак за Канал 5 кусо порача дека нема намера да ги коментира обвинувањата и барањата на ДУИ. Тој вчера нагласи дека штом ќе го добијат одговорот од Венецијанската комисија, веднаш ќе ја свика подготвителната седница. Според неговите проценки тоа би се селучило најрано во март идната година.
На ваквата седница ќе присуствуваат домашни и странски ескепрти по уставно право, подносителите на 13-те иницијативи со кои се оспорува уставноста на Законот, но и поддржувачите на истиот. А ќе биде поканет и претставник од Венецијанската комисија, кој ќе треба да го образложи мислењето кое Уставен го бара од независното меѓународно експертско тело, пред да ја донесе конечната одлука за Законот за употреба на јазиците.