Димитар Ковачевски во изјава за ТВ21 денеска кажа дека додека тој бил премиер, работел согласно законите, за информациите дека и против него може да има кривична одговорност за незаконски дејствија во Државна Лотарија.
„Во однос на информациите кои се појавија, тоа се информациите со кои јас располагам. Се надевам дека институциите, секој процес ќе го водат на професионален начин. Во текот на моето работење и како премиер и како заменик министер за финансии, сум се водел по законите, и немам на ниту еден начин учествувано во работењето на било кое Јавно претпријатие или Акционерско друштво. Моето цело работење е достапно на институциите“, изјави Ковачевски.