81-годишна жена била измамена за сума од 1.709.090 денари

На 20.12.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од 1.709.090 денари.

Според пријавеното, на 18.12.2024 околу 08.45 часот, едно лице ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и за да не одговара пред законот требало да плати одреден износ на пари. Откако ги дала парите, жената сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: