Традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник на Водно

  Во рамки на годинешната прослава на Бадник, во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно денеска напладне ќе биде организирана традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2025 година, со симболично сечење на бадникови гранчиња.
Одборот за прослава на Бадник во Скопје на своите сограѓани ќе им ги претстави новиот кум Раде Макеларски и здравичарот Атанас Петров за Бадник 2025, соопштувајќи на тој начин, како што најавуваат, дека се е подготвено за централната прослава на 6-ти јануари на платото пред Соборниот Храм.
На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат и актуелните кум Божидар Јанковски Бобо и здравичарот Анастас Тановски Таше, како и градоначалниците на Општина Центар и Град Скопје, но и повеќе кумови и здравичари од изминатите години.
Месноста Краста се наоѓа на јужните падини на Водно на патот кон хидрцентралата „Козјак“. Тука скопските бадникари ги собираат бадниковите гранчиња што на 6 Јануари со години им ги делат на скопјани, на свеченоста на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски во пресрет на Божик-најсветлиот христијански празник.

Пронајдете не на следниве мрежи: