Масар Омерагиќ e нов претседател на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од денеска има нов претседател, на денешното вонредно Сообрание на ФФМ откако беше констатирана оставката на Муамед Сејдини, делегатите едногласно го избраа новиот предводник на македонскиот фудбал, Масар Омерагиќ.

По шест години владеење на Муамед Сејдини, ФФМ доби нов предводник, Масар Омерагиќ кој е избран за нов претседател.

„Јас сум еден од вас, човек од фудбалот, знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија. Ова е тимска работа исто како и фудбалот. Треба многу трчање, многу пот за да се постигнат целите. Со работа започнуваме веќе од утре. Имам неколку клучни точки кои ќе ги применам во моето владеење: Враќање на легендите во структутире на македонскиот фудбал. Чест ми е што мојата програма ја покажаа многу истакнати имиња. Фудбал за секое дете. Мојот сон и сонот на секое дете е да прерасне во фудбалер. Регуларно првенство, итно воведување на ВАР, инфраструктура. Да создадеме нормални услови секој фудбалер. Обединување околу националните селекции, особено околу А селекцијата. Чесност, чист образ и транспарентност. Вратите на ФФМ се широко отворени за сите оние кои се со идеи да помогнат за доброто на фудбалот. Но и затворање на вратата на сите кои работат за лошото на фудбалот. Нулта толеранција за корупцијата во македонскиот фудбал“, изјави новиот претседател, Марар Омерагиќ на своето обраќање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.