Различни влади со различни кошнички. Методот на убедување на јавноста ист – шетање по маркети со однапред утврдена ПР стратегија се со цел да се разубеди јавноста дека се мисли на граѓаните. Сепак, граѓаните незадоволни, велат дека никаква кошничка не придонесува кон скапотијата која ги опкружува. Скептични се дека има намалување и сметаат дека ваквите обиди се само подигрување со сиромаштијата на сопствениот народ.
Од СДСМ, партија која додека беше на власт, нејзините министри се шетаа со своите министри по маркети и ги се фалеа со своите идеи за замрзнати цени, денеска од опозиција ги ктирикува мерките на власта. Ставот на СДСМ сега е дека реалноста во маркетите и продавниците којашто граѓаните ја гледаат секој ден е дека цените не само што останаа високи, туку кај некои производи и дополнително се зголемија
Министерот за економија, Бесар Дурмиши, деновиве се прошета по маркетите убедувајќи ги граѓаните дека кошничките кои ги воведоа даваат резултат. Тој не очекува манипулации со новогодишната кошничка, слична мерка најавува и за Рамазан и Велигден.
Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември годинава изнесува 62 021 денар, за 772 денари повеќе во однос на кошницата во октомври. Владата пресметала дека септемвриската потрошувачка кошничка донела заштеда од 1 300 денари по семејство.