Иванка Трамп му сврте грб на својот татко: Еве зошто нема да се врати во политиката

Иванка Трамп заврши со политиката и изјави дека нема да се врати. Таа целиот свој возрасен живот работеше за својот татко. Кога Доналд Трамп работеше во недвижнини, таа ги дизајнираше неговите хотели. Кога тој беше реалити ѕвезда, таа беше во неговата „соба за одлучување“. Кога тој се кандидираше за претседател, таа беше во предизборна кампања. Кога тој беше претседател, таа имаше канцеларија во западното крило на Белата куќа. Меѓутоа, во јануари 2021 година, за прв пат откако имала 23 години, таа го напуштила Вашингтон и службата на нејзиниот татко.

– Многу го сакам татко ми. Овој пат избирам да им дадам приоритет на моите мали деца и личниот живот што го градиме како семејство. Не планирам да се занимавам со политика, напиша таа во објава на социјалните мрежи во 2022 година, откако нејзиниот татко, Доналд Трамп, ја објави својата трета кандидатура за претседател.

Таа изјава сè уште важи дури и откако Трамп победи на американските избори во 2024 година, рекоа извори блиски до Иванка Трамп, бидејќи таа и нејзиниот сопруг, Џаред Кушнер, водат релативно приватен живот во Мајами, Флорида, каде што ги поминаа последните четири години надвор од очите на јавноста.

Иванка Трамп настрада поради одлуките на нејзиниот татко, на кои таа не можеше да влијае

Тоа е драматичен пресврт за една од најблиските соработници на поранешниот и идниот претседател, но не треба да изненадува по нејзините исцрпувачки први четири години во Белата куќа.

Иванка Трамп се соочуваше со постојани критики за одлуките на нејзиниот татко врз кои не можеше целосно да влијае или да ги ублажи. Таа беше отуѓена од некои либерални пријатели во нејзиниот круг во Њујорк и затвори релативно успешен бренд за облека. Нејзиното заминување од политиката значи дека нејзиниот татко повеќе не е нејзин шеф и таа сега фаќа нов пат со дефинитивно поинаков начин на живот, овозможен од бизнисите на семејството.

-Политиката е прилично темна област. Има многу темнина, многу негативност и тоа е многу спротивно на она што ми се допаѓа како човечко суштество“, рече таа во јули во тричасовно интервју за „The Lex Friedman Podcast“.

– Навистина е напорна работа. Така што ми се чини дека е вистинската работа, и за мене и за моето семејство е да не учествувам, додаде таа во најобемното јавно размислување за времето поминато во Вашингтон и нејзиниот живот после тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи: