Турција доби ослободување од американските санкции против руската Газпромбанк, така што ќе продолжи да плаќа за увоз на руски гас преку оваа финансиска институција, изјави денеска турскиот министер за енергетика Арпаслан Бајрактар. Според него, Анкара добила изземање од санкции по серијата разговори со американски официјални претставници, пренесува Блумберг.
Бајрактар претходно предупреди дека Турција има потреба од изземање од мерките против Газпромбанк, бидејќи во спротивно може да биде цел на американски санкции. Официјалните податоци покажуваат дека повеќе од една третина од увозот на природен гас во Турција доаѓа од Русија.