Радост во Скопје ЗОО: Две нови бебиња пингвини ја збогатија градината

Од Зоолошката градина Скопје денеска објавија дека „Новата година во Скопје ЗОО ќе ја започнеме со две бебиња пингвини“.

„Нашиот пар Џонатан и Лила се родители на две мали пингвинчиња кои се испилија на 23-ти и 26-ти ноември.

Пингвините несат по најмногу две јајца, а најчесто преживува само едно, но во Скопје ЗОО со сета грижа успешно се справуваме со овој предизвик веќе трета сезона и ова е трета година како што имаме бебиња, што е голема реткост во поголемиот број зоолошки, но и во природата. Да ни се живи и здрави“, велат тие во објавата.

Пронајдете не на следниве мрежи: