На 27.12.2024 година во 09:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на aвтопатот Скопје -Велес, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ѓ. (46) од Скопје изгубил контрола над возилото и удрил во жичена ограда, а потоа во бетонски столб.
Возачот Р.Ѓ се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.