Полицијата вчера привела 33-годишник од скопското село Грчец кој бил баран со централна потерница, осомничен како дел од криминална група поврзана со продажба на дрога.
-Полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода Б.Љ.(33) од с.Грчец, скопско, кој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за издржување мерка притвор поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 став 3 од Кривичниот законик – соопштија од МВР.
Лицето било пренесено во затворот Скопје во Шутка за издржување на изречената мерка притвор.