Фото: 40 години по несреќата проговори: Ги јадел мртвите патници за да преживее!

Доктор Роберто Канес, педијатар и кардиолог, бил еден од патниците кој ја преживеал драмата, во која се срушил уругвајскиот воен авион во далечните Анди, меѓу Чиле и Аргенина, 13 октомври 1972 година.Тој, за да преживее, јадел парчиња месо од загинатите патници, а својата исповест одлучил да ја сподели со целиот свет по 40 години од страотната несреќа.
Од вкупно 45 патници колку што ги имало во авионот, 12 загинале при самиот пад на земјата, а петмина починале веќе следното утро.
Оваа фотографија е сликана пред да полетаат и пред фаталната несреќа.
Лавината која што се слеала над нив, 17 дена подоцна, земала уште осум животи. Во наредните недела дена, еден по еден умирале, а изгледите за 16-те преживеани биле прилично лоши.

Заглавени на 3600 метри надморска височина на суровиот планински терен, била изгубена секоја надеж за спас, а спасувачките екипи не верувале дека некој можел да преживее. Огромна глад и страотните денови си го направиле своето. Очајниот Роберто се одлучил да го направи она што мислел дека никогаш нема да го направи. Да јаде човечко месо.
„Тоа е единствениот извор на протеини и маст кои ги имавме. Беше одвратно. Низ очите на нашето цивилизирано друштво, тоа беше одвратна одлука. Се чувствував понижено.
Достоинството ми беше спуштено на најниско можно ниво. Морав да исечам парче месо од мојот пријател и да го изедам за да преживеам“, објаснил Роберто.
Повеќе на mkd-news.comТој, за да преживее, јадел парчиња месо од загинатите патници, а својата исповест одлучил да ја сподели со целиот свет по 40 години од страотната н

Пронајдете не на следниве мрежи: