Значително поскапување од вечерва на полноќ на сите горива во Македонија.
Регулаторната комисија за енергетика одлучи цената на ЕВРОСУПЕР 95 да се зголеми за 1 денар, и од утре ќе се продава по цена од 78 денари по литар. Се покачува и цената на ЕВРОСУПЕР 98 и од утре ќе се продава за 1,5 денари поскапо, односно ќе изнесува 80,5 денари по литар.
Поскапува и ЕВРОДИЗЕЛ кој од утре ќе се продава за 72,5 денари, или поскапо за 1,5 денари.
Се покачува и цената на Екстралесното масло за домаќинство за 1,5 денари, и според новата цена ќе се продава за 72 денари. Мазутот поевтинува за 0,1 денар и од утре ќе се продава по цена од 45,7 денари по килограм.