Планирани големи промени за Facebook, Instagram и Threads: „Видовме дека овој пристап функционира на X“

Facebook, Instagram и Threads ја отфрлаат проверката на фактите од трети страни во корист на Забелешките на заедницата, како што веќе постои на платформата X.

Мета, исто така, ги преместува своите тимови за доверба и безбедност од Калифорнија во Тексас, според изјавата на новиот шеф на политиката на Мет, Џоел Каплан.

„Видовме дека овој пристап функционира на Х, каде што заедницата е овластена да пишува кога објавите се потенцијално погрешни и имаат потреба од поголем контекст, а луѓето од различни перспективи одлучуваат каков контекст е корисен за другите корисници да видат“, рекоа од Мета.„Сметаме дека ова може да биде подобар начин да ја постигнеме нашата првична намера да им дадеме на луѓето информации за она што го гледаат – и начин кој е помалку склон кон пристрасност“, се додава.

Функцијата Забелешки на заедницата најпрво ќе се појави во САД „во следните неколку месеци“ и ќе прикаже ненаметлива ознака што покажува дека дополнителни информации се достапни во објава наместо предупредувањата на цел екран што ги добиваат корисниците.

Како и функцијата X, Мета вели дека нејзините сопствени белешки од заедницата „ќе бараат договор меѓу луѓе со низа перспективи за да се спречат пристрасни оценки“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.