Австралиските власти го осудија вандализмот врз синагога во Сиднеј врз која во раните утрински часови биле исцртани кукасти крстови и други графити.
„Мислам дека фактот што тие цртаат свастика на еврејска зграда сублимира колку се патетични овие луѓе и која е нивната цел на крајот на денот“, изјави за новинарите од Сиднеј Крис Менс, државниот премиер во Нов Јужен Велс.
Вандализмот доаѓа еден месец откако група маскирани мажи запалија синагога во предградие на Мелбурн, што предизвика формирање на нова полициска единица за антисемитизам.
Откако избувна војната во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година, имаше многу демонстрации, и пропалестински и произраелски, поттикнувајќи тензии во Австралија, како и во остатокот од светот.
Полицијата најави дека ја засилува безбедноста на синагогите во Сиднеј и поширокиот регион.
Инспекторите ќе ги проучуваат снимките од сите надзорни камери во синагогата што беше цел, рече заменик-началникот на полицијата на Нов Јужен Велс, полицаецот Питер Мекена.
„Одвратно е. Во Австралија нема да помине и оние што прават такви работи мора да сфатат дека ќе излеземе и ќе ги најдеме. Ќе ги најдеме. И ќе ги изведеме на суд“, додаде тој, обраќајќи им се на новинарите.