Шолц ги поддржа плановите на Трамп да се сретне со Путин

Намерата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин е добра вест, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Се разбира, еден ден ќе дојде време за вистински преговори. И во овој поглед, фактот што американскиот и рускиот претседател сакаат да се сретнат е добра вест“, рече тој во интервју за телевизијата АРД.

Шолц истакна дека неговата покана, како и неговата намера да продолжи да разговара со рускиот лидер, била критикувана во германските медиуми, иако, според него, мнозинството германски граѓани ја поддржуваат идејата за преговори.
Новоизбраниот американски претседател во петокот најави дека ќе организира средба со Путин. Како што истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјавата на Трамп беше само одговор на чисто хипотетичко прашање од новинар.

Трамп за време на својата предизборна кампања постојано истакнуваше дека може да дојде до решение за украинскиот конфликт преку преговори, а исто така рече дека може да го реши конфликтот во Украина за еден ден. Во Москва сметаат дека ова е премногу сложен проблем за толку едноставно решение.

Пронајдете не на следниве мрежи: