Помошта за Украина на агендата на новата средба во Рамштајн

Сојузниците на Украина и претседателот Володимир Зеленски ќе имаат денеска средба во американската воена воздухопловна база Рамштајн во Германија за да разговараат за континуираната поддршка за Киев во војната со Русија.

Рамштајн е најголемата воздухопловна база надвор од СAД и беше домаќин на слични состаноци откако Русија ја нападна Украина пред речиси три години.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ги покани на конференцијата министрите за одбрана и високите воени лидери од земјите-членки на Контакт групата Украина.

Како и на претходните состаноци во Рамштајн, се очекуваат и претставници од земји што не се членки на НАТО.

Русија води војна против соседна Украина од 24 февруари 2022 година. Западот го поддржува Киев во неговата одбрана.