Нерешено и на крај: Македонија извади бод против Унгарија

Македонската ракометна репрезентација прокоцка победа против Унгарија и одигра 27-27 (14-14) во првиот натпревар од групниот сегмент на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. Пред 2.500 гледачи во Вараждин, и Македонија и Унгарија одиграа натпревар за историјата на ракометната игра. Дуелот изобилуваше со драма, убави потези и грешки, па со сигурност ова ќе биде еден од најемотивните натпревари на нашата национална селекција.

Најефикасни во нашиот табор беа Кузмановски со десет и Митев со три гола, а кај Унгарија се истакнаа Илиќ со шест и Лекаи со четири гола. Во второто коло в петок Македонија игра со Холандија, а Унгарија за противник ја има Гвинеја.