(Цел список на трошаџиите) А да го финансираме Верстапен? 21,3 МИЛИОНИ за патни трошоци и кирии за пратениците – На Марс ли одите луѓе?!

Вкупно 18 милиони 671 илјада 591 денар патни трошоци им се исплатени на пратениците од Собранието на Република Македонија за 2024 година, дознава Инфомакс.

Според податоците кои ги добивме од Собранието, пратениците потрошиле повеќе од 303,6 илјади евра за патни трошоци, што е околу 900.000 денари помалку во споредба со 2023 година, меѓутоа рекордерите се со речиси исти суми.

Да почнеме од „топ 10“ пратеници со најмногу патни трошоци.

Прв на листата е Петар Ристески од Прилеп, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кој за една година земал неверојатни 868.650 денари за патни трошоци. Повратен автобуски билет на релација Прилеп-Скопје е околу 900 денари, па пратеникот би можел да размисли да го смени начинот на патување со што ќе потроши помалку народни пари, а и ќе може почесто да се гледа со народот кој му ги плаќа патните трошоци.

Втор на листата е Мирче Аџиоски од Струга, исто така од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој потрошил 756.788 денари, потоа следуваат Дајанчо Ефтимов од Струмица, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој земал 606.424 денари. Само за споредба, рекордерката од минатата година, Јадранка Поцкова имаше патни трошоци од 676.414 денари. Пратеничкиот стандард очигледно расте штом минатогодинешната рекордерка сега би била на трето место по патни трошоци.

Следни на листата се Зоранчо Јованчев со 500.419 денари (Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ), Миле Талевски со 470.205 денари (Прилеп, СДСМ), Ангелинка Петкова со 447.730 денари (Гевгелија, ВМРО-ДПМНЕ), Миле Лефков со 437.386 денари (Кочани, ВМРО-ДПМНЕ), Олга Лозановска со 402.986 денари (Битола, ВМРО-ДПМНЕ), Никола Мицевски со 392.425 денари (Штип, ВМРО-ДПМНЕ) и последна од топ 10 е Арбана Пашоли со 378.083 денари (Дебар, ДУИ).

Рекордерите нѐ чинеле вкупно 5 МИЛИОНИ 261 ИЛЈАДИ 96 ДЕНАРИ.

@infomax.mk

Македонија Инфомакс ТешкиМуабети вести политика ТикТок makedonija infomax teskimuabeti vesti fyp tiktok viralvideo podcast news macedon MacedoniaForever MacedoniaAlways MacedoniaMacedonia

♬ original sound – iNFOMAX.mk – iNFOMAX.mk

Но, тоа не е сѐ. Две од рекордерките имаат изнајмено и станови во Скопје. Олга Лозановска покрај тоа што земала патни трошоци има изнајмено и стан за кој Собранието ѝ плаќа месечна закупнина од 400 евра, а истата во анкетниот лист доставен до ДКСК пријавила стан во сопственост на брачен другар во општина Центар.

Ангелинка Петкова покрај тоа што има земено патни трошоци има и изнајмен стан за кој Собранието ѝ плаќа месечна закупнина од 400 евра.

Во продолжение листа од сите пратеници кои земале патни трошоци, во листата има и поранешни пратеници, односно членови на претходниот состав на Собранието:

Име и презиме партија сума
Фадил Зендели БЕСА – ВЛЕН 129.072 денари
Јован Митрески СДСМ 304.635
Боби Мојсоски ЛДП 57.929
Жаклина Лазаревска СДСМ 131.646
Лидија Тасевска СДСМ 101.159
Соња Мираковска НСДП 34.537
Мирослав Јовановиќ ССМ 101.257
Емилија Рамбабова СДСМ 26.037
Соња Михаиловска СДСМ 106.760
Лолита Ристова СДСМ 69.149
Бети Рабаџиевска Наумовска СДСМ 107.590
Фаница Николоска СДСМ 94.428
Белкиса Зеќири СДСМ 196.048
Ненад Коциќ СДСМ 123.042
Зоранчо Јованчев ВМРО-ДПМНЕ 500.419
Драгољуб Филипоски СДСМ 166.624
Сафије Садики Шаини Алтернатива 20.726
Илире Даути Алијанса за Албанците 107.856
Бране Петрушевски ВМРО-ДПМНЕ 174.386
Јадранка Поцкова ВМРО-ДПМНЕ 241.685
Марија Анелова СДСМ 180.237
Миле Талевски СДСМ 470.205
Лазе Таневски СДСМ 63.619
Љубица Спасова СДСМ 274.644
Бејџан Иљас ДПТМ 116.013
Атнан Незири Алијанса за Албанците 124.841
Даниела Стојановска Пановска СДСМ 87.385
Ане Лашкоска ВМРО-ДПМНЕ 124.318
Коле Чаракчиев СДСМ 177.217
Вјолца Адеми ДУИ 121.837
Олга Лозановска ВМРО-ДПМНЕ 402.986
Артина Ќазими Алијанса за Албанците 79.287
Ељми Азири Алијанса за Албанците 88.894
Арта Биљали Зендели ДУИ 94.817
Арбен Зибери ДУИ 23.580
Берат Ајдари ДУИ 106.975
Рина Ајдари ДУИ 128.425
Марија Костадинова СДСМ 74.791
Фиснике Бектеши Шаќири ДУИ 126.670
Лидија Петкоска ВМРО-ДПМНЕ 260.560
Арбер Адеми ДУИ 101.646
Арбана Пашоли ДУИ 378.083
Бајрам Кадрија ДУИ 112.160
Бедри Фазли ДУИ 73.364
Хусни Исмаили Алтернатива 57.865
Панчо Минов СДСМ 256.828
Драгица Ѓавочанова СДСМ 250.165
Мартин Костовски СДСМ 97.022
Даниела Колева СДСМ 156.886
Александар Велјановски ВМРО-ДПМНЕ 191.077
Дафина Стојаноска ВМРО-ДПМНЕ 294.072
Никола Мицевски ВМРО-ДПМНЕ 392.426
Миле Лефков ВМРО-ДПМНЕ 437.386
Абдула Салиу Алијанса за Албанците 4.542
Ремзи Мехмеди Независен пратеник 123.913
Даниела Христова ВМРО-ДПМНЕ 154.984
Марија Кочовска СДСМ 114.076
Благица Ласовска ВМРО-ДПМНЕ 210.282
Игор Здравковски ВМРО-ДПМНЕ 201.873
Здравко Трајанов ВМРО-ДПМНЕ 93.471
Зијадин Села Алијанса за Албанците 84.534
Халил Снопче Алијанса за Албанците 299.364
Златко Пенков ВМРО-ДПМНЕ 210.915
Ели Панова ВМРО-ДПМНЕ 209.747
Иван Стоилковиќ ДПСМ 29.964
Силвана Ангелевска ВМРО-ДПМНЕ 257.845
Ангелинка Петкова ВМРО-ДПМНЕ 447.730
Александар Николоски ВМРО-ДПМНЕ 99.585
Муса Ибраими ДУИ 196.901
Петар Ристески ВМРО-ДПМНЕ 878.650
Мухамет Кадриов СДСМ 27.566
Мирче Аџиоски ВМРО-ДПМНЕ 756.788
Грација Бакраческа ВМРО-ДПМНЕ 21.021
Дајанчо Ефтимов ВМРО-ДПМНЕ 604.424
Даниел Стојчевски ЗНАМ 34.193
Мевмед Џафери Независен пратеник 204.274
Валентина Марчевска ВМРО-ДПМНЕ 37.911
Борче Цветков СДСМ 123.240
Садик Сулејмани Алијанса за Албанците 104.571
Мимоза Муса Алијанса за Албанците 10.368
Ријад Шаќири Алијанса за Албанците 132.001
Имерлије Салиу-Фетаи Алтернатива 112.960
Пеце Милевски ВМРО-ДПМНЕ 185.541
Бисера Костадиновска Стојчевска СДСМ 99.955
Јованка Тренчевска СДСМ 25.523
Сали Мурати ДТМПД 87.035
Блерим Беџети ДУИ 18.522
Кире Божиновски ВМРО-ДПМНЕ 366.801
Садула Дураку ДУИ 53.624
Сашо Донев ВМРО-ДПМНЕ 150.646
Никола Коњановски СПМ 186.615
Александар Јамалов, ВМРО-ДПМНЕ 123.107
Емил Спасовски ВМРО-ДПМНЕ 61.844
Јулија Тушевска ВМРО-ДПМНЕ 238.158
Бобан Николовски ВМРО-ДПМНЕ 14.062
Моника Трајанова ВМРО-ДПМНЕ 97.028
Дејан Проданоски ВМРО-ДПМНЕ 261.696
Саранда Имери-Стафаи Демократско движење 118.016
Душко Иванов ВМРО-ДПМНЕ 141.542
Драгана Арсова ВМРО-ДПМНЕ 212.374
Беким Ќоку ДПА 364.597
Салим Сулејмани Алијанса за Албанците 266.386
Весна Ѓорѓиева ВМРО-ДПМНЕ 202.000
Биљана Кузманоска ВМРО-ДПМНЕ 199.786
Петар Марков ВМРО-ДПМНЕ 201.184
Жан Дрвошанов ВМРО-ДПМНЕ 183.436
Каљтрина Беќири БЕСА 7.417
Благој Бочварски СДСМ 118.877
Илир Дмири ДУИ 37.878
Бисерка Златеска ВМРО-ДПМНЕ 113.380
Аднан Азири ВЛЕН 6.585

18,5 милиони денари фрлени во ветер… Но, нормално дека тоа не е сѐ. Дел од пратениците имаат изнајмено станови во Скопје, во кои престојуваат, а месечната закупнина им ја плаќа Собранието, односно ние, граѓаните.

Такви се пратениците:

Даниела Христова, 400 евра месечно или 4,800 евра годишно. Христова зема и патни трошоци.

Марија Костадинова. 20,300 денари месечно или 101.500 илјади денари за петте месеци за кои бил изнајмен станот, истата земала и патни трошоци.

Емилја Рамбабова, 380 евра месечно, или 1520 евра за четирите месеци за кои бил изнајмен станот, истата земала и патни трошоци.

Јован Јаулески, во периодот од јануари до мај 2024 година по 330 евра месечно, во периодот од јуни до декември 2024 година 350 евра месечно или вкупно 4100 евра.

Бети Рабаџиевска Наумовска, 350 евра месечно или 1750 евра за петте месеци. Истата зема и патни трошоци.

Лидија Петкоска во периодот од јануари до мај 2024 година, 355 евра месечно, а во периодот од јуни до декемри 2024 година по 400 евра месечно или вкупно 4575 евра. Истата зема и патни трошоци.

Грација Бакраческа 400 евра месечно, или 4.800 евра вкупно. Пратеничката зема и патни трошоци.

Соња Михаиловска, 350 евра месечно, или 2100 евра вкупно, а зема и патни трошоци.

Лолита Ристова, 385 евра месечно, или 1925 евра, земала и патни трошоци.

Стојан Миланов, 400 евра месечно, вкупно 800 евра.

Марија Кочовска, 24.000 денари месечно или 120.000 денари вкупно, земала и патни трошоци.

Олга Лозановска, 400 евра месечно или вкупно 2800 евра, истата е меѓу рекордерите за земени патни трошоци.

Јованка Тренчевска, 400 евра месечно или вкупно 2800 евра, земала и патни трошоци.

Ангелинка Петкова, 400 евра месечно или 2800 евра вкупно, истата е меѓу рекордерите за земени патни трошоци.

Моника Трајанова, 400 евра месечно или вкупно 1600 евра, земала и патни трошоци.

Миле Цеков, 400 евра месечно, вкупно 2800 евра.

Пратениците на кои им се плаќа стан во 2024 година чинеле вкупно 42,7 ИЛЈАДИ ЕВРА, или 2 милиони и 630 илјади денари!

Вкупно патни трошоци и закупнина изнесуваат 21МИЛИОН 302 ИЛЈАДИ И 46 ДЕНАРИ!

Да направиме една последна весела математика и да дадеме еден предлог.

Стазата за Формула 1 во Монако е долга 3.337 km, за една трка се поминуваат 78 кругови, што изнесува вкупно 260.286 km. Доколку се земе дека просечно, Ф1 троши 40 литри гориво на 100 километри и таа количина се помножи со должината на стазата во Монако, се добива бројка од 104 литри за една трка на стазата во Монако. Доколку просечната цена на горивото е 50 евра за литар, тоа би значело дека за една трка горивото чини 5.200 евра.

Накратко, пратениците со нивните 21.302.046 денари чинат колку 66 трки со Формула 1 на стазата во Монако! Предлогот е, зошто Македонија не го финансира Макс Верстапен, наместо да плаќа патни трошоци за пратениците? И вака и така фајде од нивната работа не видовме, Верштапен барем ќе ја промовира Македонија по светот.

Мала шала, ама работата не е за смеење. Чекајте вие болници, училишта, градинки, тие ќе си прават „иди ми, дојди ми“. Може нема за лекови, за инсулин или за греење, но за патни трошоци на големиве фаци има.

За 30 години ниту власта, ниту народот не најде за потребно да го реши овој проблем кој одлева милиони од Буџетот, непотребно, имајќи предвид дека пратениците земаат плата повеќе од 3.000 евра месечно, па веројатно не би им било проблем да си стават гориво сами како што прави целиот останат народ што работи во различни градови.

Ама има една стара народна, додека има овци, ќе има и волна…