Вреди подготвува закон за статусот на поранешните припадници на ОНА, открива пратеникот Ријад Шаќири. Тој не прецизира кога предлог-законот ќе влезе во собраниска процедура, во разговор вели дека за тоа прво треба да дадат виза лидерите на Вреди, кои за законското решение ќе побараат поддршка и од владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. За еднакви права на експрипадниците на ОНА со тие на бранителите, според Шаќири неформално владините партнери не биле против, со задршка дека за закон со кој ќе бидат опфатени и бранителите и поранешните припадници на ОНА треба да се создаде клима во општеството.
– Го подготвувам законот со кој поранешните припадници на ОНА и нивните семејства треба да имаат исти права како бранителите. Веќе има драфт-верзија на законот на која работи пратеничката група на Вреди. Во неформални разговори со колегите од ВМРО-ДПМНЕ и од ЗНАМ велат дека ова прашање треба да се реши, но дека за тоа во општеството треба да се создаде клима. Добро би било да се направи сеопфатен закон којшто ќе ги опфати оштетените бранители и припадници на ОНА – вели Шаќири.
Целиот текст на следниот ЛИНК
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.