Филипче: Мицкоски го срози стандардот на граѓаните

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го понижија трудот на македонските работници и го срозија стандардот на граѓаните, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

-Срамно е да има најголем Буџет за годинава кој тежи 6 милијарди евра а да нема пари за раст на платите на работниците. Власта наместо да го продолжи системот за континуиран раст на платите, што го воведе СДСМ, неодговорно го прекина, што резултираше со влошување на животниот стандард на работниците.

СДСМ била и секогаш ќе остане на страна на работниците. И во најголемите кризи како што беа здравствената пандемија и економско-енергетската криза, работевме на заштита и подобрување на стандардот на работниците, а платите растеа – изјави Филипче во Прилеп.

Тој додаде дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на граѓаните.

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.