Одземен телефон на висок полициски службеник – Одавал информации на нарко кланови?

Висок полициски службеник остана без својот мобилен телефон. Тој се сомничи дека одавал информации во врска со нарко клановите.

Според информациите, „кртот“ во МВР бил поврзан со клановите Беланоца/Барон, но и со Раде Трајковски – Штекли.

Министерството за внатрешни работи потврди дека Штекли е уапсен попладнево по Наредба на ОЈО за ГОКК.

Неофицијално, бил уапсен во обид за излез во земјава, во близина на хотел во Гевгелија. Тој се сомничи за трговија на дрога. Предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата негова група.

Пронајдете не на следниве мрежи: