Денеска (20.01.2025) во 05:22 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Чифлик, делчевско, настанал пожар во куќа, сопственост на Д.Д.(36) – лице со здравствени проблеми.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево пожарот бил изгаснат, а во куќата било пронајдено телото на сопственикот.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.