Обвинителството на денешното рочиште во Кривичниот суд презентираше, како дел од доказите и видео-записи од камери кои го утврдуваат движењето на возилата Цитроен и Рено Кангу.
Возилото Рено Кангу е забележано на камерите на Сејф сити на улици во Чаир и Центар на ден 27.11.2023 година, кое возило се движи од Општина Чаир кон Центар, Дебар Маало, каде живеело убиеното девојче Вања Ѓорчевска.
Возилото Рено Кангу на 27.11.2023 година во 6 часот 24 минути и 3 секунди се движи по улица Бутелска во правец од Бутел кон Чаир и е во лентата десно. Во 6 часот 26 минути и 20 секунди поминува на раскрсницата на бул. Христијан Тодоровски Карпош со ул. Ферид Бајрам и продолжува да се движи по булеварот. Потоа возилото продолжува по булеварот Цветан Димов кон Центар. поминува кај Бит пазар, возилото се забележува и на раскрсницата кај Мавровка, каде врти десно кон мостот Гоце Делчев, па продолжува кон бул. Блаже Конески. Во возилото може да се забележи дека има едно лице, пределот кај совозачкото седиште не е јасен.
На раскрсницата кај Соборниот храм во 6 часот 30 минути и 35 секунди се забележува Реното, се наоѓа во лентата за право, се движи по булеварот Партизански одреди и дава знак за свртување кон Ленинова. Во 7 часот 30 минути и 32 секунди на друга видео-снимка се забележува Реното од Дебар Маало каде возилото врти лево, иако според сообраќајните знаци не смее да врти лево.
Во 7 часот 31 минута и 9 секунди се забележува Реното Кангу на раскрсницата на бул. Илинден со Наум Наумовски Борче каде живеела Вања.
Во 7 часот 38 минути и 14 секунди се забележува Рено Кангу како се движи по десната лента по бул. 8 Септември, тоа е мостот кај Александар Палас во правец кон Момин поток и ако се зумира во истото се забележува едно лице.
Со ова заврши денешното рочиште. Детали од претходните случувања на денешното рочиште прочитајте во продолжение.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.