недела, 15 ноември 2026
Најново

Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 50 – 100 метри има во Демир Капија, Петровец – Велес, Битола и Прилеп, соопшти АМСМ.

АМСМ потсетува дека од 15 ноември 2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2025 година.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Поврзани вести