недела, 15 ноември 2026
Најново

Приведени двајца малолетници во Скопје, се шетале со ножеви и палки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Полицијата вчера во два одделни случаи приведе малолетници поради тоа што кај нив биле пронајдени ножеви и метална палка.

Првиот случај е од скопската населба Кисела Вода каде интервентната полицја привела малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени нож и метална палка.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Вториот случај се случил во населбата Чаир во 15:30 часот каде исто така Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен остар предмет.

И во двата случаи од полицијата известуваат дека по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани вести