недела, 15 ноември 2026
Најново

Падна потпорен ѕид во Велес – општината со апел за внимателност!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поради паднат потпорен ѕид Општина Велес апелира граѓаните внимателно да се движат по улицата „Даме Груев“ во стариот стрмен дел од градот. 

-На улица „Даме Груев“ над куќен број 3 (наспроти куќен број 8) во стариот стрмен  дел на Велес под месноста  Којник се сруши стар потпорен камен ѕид кој го потпираше трупот на улицата „Даме Груев“. До самиот ѕид, на работ на улицата има поставено дрвена бандера на која има инсталации. До преземање на потребните активности за поставување на соодветна сигнализација и до преземање на градежни активности за санирање на појавениот проблем, ги замолуваме граѓаните кои транзитираат на споменатата улица да возат внимателно и доколку се во можност  да ја избегнуваат за движење и сообраќање, соопштија од Општина Велес.

Поврзани вести